‘Контакт’ со вашето дете
Да се има ‘контакт’ е начин на кој родителите ќе ги дознаат чувствата и размислувањата и потребите на детето. ‘Контакт’ е основа за безбедни, позитивни и подржувачки односи помеѓу васи детето.
Родителите кои имаат ‘контакт’ им даваат до знаење на децата дека нивните искуства и чувства се признати, разбрани и одговорени.
Децата знаат дали родителите имаат ‘контакт’ со нив. Тоа е начинот на кој децата откриваат дали сте заинтересирани за нив и дали ги подржувате. Тоа ја формира основата за подлабоко поврзување со вашите деца и гради платформа за позитивни односи како што децата растат.
Кога сте во ‘контакт’, вие можете да ги прочитате емоциите и однесувањето на децата и да одговорите соодветно. Кога децата чувствуваат дека им се одговара и дека се разбрани тие развиваат сигурност и позитивна само доверба.
Бебињата од раѓањето комуницираат со звуци (плачење, гугање), израз на лицето (контакт со очите, насмевнување, гримаси на лицето) и покрети (движење на нозете од возбуда или вознемиреност и покажување.) Да се биде во ‘контакт’ со бебето почнува со невербална комуникација: контакт со очите, изрази на лицето, тон на гласот, покрети и времетраење и интензитет на вашето одговарање.
Како детето расте, ‘контактот’ ја вклучува и вербалната и невербалната комуникација.
Запознавање на вашето дете
Да се биде во ‘контакт’ со вашето новородено бебе е критично за бебето да се чувствува сигурно, безбедно и сакано. ‘Контакт’ со бебето кога плаче ќе ви помогне да разберете дали тоа е гладно, уморно, му треба промена на пелените или сака да го гушнете.
Ако сте во ‘контакт’ со бебето (toddler) ќе знаете кога му треба мир, храна или промена на активностите. ‘Контакт’ со вашето двегодишно дете во моменти на лутина ќе значи можност соодветно да одговорите и да го разберете емоционалното значење на однесувањето. Дали вашето дете е уморно, луто или навредено?
Да се биде во ‘контакт’ доаѓа како резултат на трпеливост, пракса и запознавање со детето.
Да се биде во ‘контакт’
Запомнете, секое дете е посебно, со неговиот посебен начин на комуникација тоа ги изразува своите потреби и му приоѓа на светот.
Наблјудувајте го детето. научете да разбирате што го лути детето.
Научете го и прилагодувајте се кон ритамот на телото на детето, темпераментот и личноста. Како знаете кога детето е гладно? Уморно? Му треба вашето внимание? Му треба подршка и утеха?
Бидете чувствителни кон промените во ритамот на движењата на детето, тонот на гласот и интензитетот на неговите активности. Научете ги јаките и слабите страни. Како детето се изразува кога е среќно? Дали детето лесно е совладано од емоции? Дали е тивко кога е налутено?
Одговарајте на покретите на детето, изгледот и звуците. Кога тоа ќе ги пружи рацете кон вас земете го, бакнете го и користете едноставни зборови "Сакаш горе."
Зборувајте и слушајте го детето.
Почитувајте ги и препознавајте ги чувствата на детето.
Бидете свесни за изразот на вашето тело. Дали вашата вербална и невербална комуникација му зборуваат на детето?