Да се биде родител
Да се биде родител е најважната работа која може да ја имате. Исто така, трае доживотно.
Некои велат тоа е патување кое наградува и е полно со предизвици.
Митови за родителството
Би требало да ги знам сите одговори
Вие не можете да знаете се. Ниеден родител не ги знае сите одговори. Не постои нешто како ‘еден начин им одговара на сите родители’. Родителите мораат да бидат приемчиви кон различните индивидуалности, добрите страни и слабостите на секое дете. Имајте реалистични очекувања од себе си. Имајте доверба во она што го знаете. Научете повеќе за работите за кои не сте сигурни.
Родителството доаѓа природно
Родителството бара разбирање, упорност, фантазија, енергија, знаење и трпеливост.
На сите родители им треба поддршка. Честитајте си себе си за она што го правите добро. Прифатете дека има работи кои можете да ги направите другачие. Не бидете престроги према себе си. Секој родител прави грешки и учи преку искуството. Грешките се важат само тогаш ако ги повторувате. Разберете дека родителството има успони и падови и прифатете го тоа како нормално.
Подигањето на моите деца е моја професија
Историски, проширените семејства и соседството ја делеле одговорноста за грижата кон децата. Денес на родителите, повеќе од било кога порано, се гледа како на единствени одговорни за подигање на децата. Родителите често може да се чувствуваат осудувани или осамени, меѓутоа треба да знаете дека многу други родители се чувствуваат исто! Барањето поддршка е позитивна работа за вас и вашето дете. Барајте поткрепа од семејството, пријателите, заедницата и службите за поддршка на семејствата.
Родителството е општествена активност – многу луѓе играат значителна улога во животот на децата. Дедовците и бабите, вујковците, тетките, пријателите, учителите и соседите, сите допринесуваат и го помагаат семејниот живот.
Грижете се за себе си и за децата.
Децата и родителите учат заедно
Не постои совршен родител. Не постои совршено дете. Има многу начини да се биде родител.
Децата и родителите учат едните од другите.
Децата на сите возрасти постојано гледаат, слушаат и учат од нивните родители. Тие гледаат како ги правите работите, како ги изразувате чувствата и како се однесувате кон другите.
Како родител, постојано учите се повеќе за своето дете, како тоа расте и се менува.
Вашата улога би требало да се менува со менувањето на потребите на вашето дете.