Допринос на децата

Како родител веројатно голем дел од времето го поминувате обидувајќи се да бидете добар родител, правејќи колку што можете за вашето дете додека балансирате помеѓу потребите и обврските на секојдневниот живот.

Често пати, денес, слушаме за трошоците да се има деца, било да се тие економски или социјални. Слушаме за жртвувањето на возрасните за да имаат деца.

Понекогаш е лесно да се изгуби смисолот на она што е важно. Најдете некогаш време во брзото секојдневие да размислите не за она што вие го правите за вашите деца, туку за начините на кои вашите деца допринесуваат во вашиот живот.

Децата го збогатуваат вашиот живот на различни начини

Децата им пружаат на родителите:

  • Безусловна љубов и восхит према родителите такви какви што се
  • Верба дека вие сте најсилините, најумните и најхрабрите луѓе на светот
  • Можноста да бидете херои
  • Можноста да бидете повторно деца земајќи учество во светот на децата
  • Можноста да ја искусите силината на чувствата и низа добри страни и знаења кои инаку може да останат скриени во вас
  • Можноста да се репродуцираат вашите сопствени вредности, однесување и претпоставки за светот
  • Можноста повторно да се искуси задоволството во детската игра
  • Можноста да се учествува во нивната заразна смеа
  • Можноста да се потсетите на вашето детство
  • Можноста да се избега од светот на возрасните

Еден од најголемите подароци кои родителите можат да си ги дадат себе си е времето поминато со децата.

Најдете време секој ден за смеа, плачење, игра, сонување, чуда и истражување со вашето дете.

слушам
Допринос на децата
Update Required To play the media you will need to either update your browser to a recent version, enable javascript or update your Flash plugin.