Обликување на однесувањето на детето.
Децата кога се раѓаат не знаат што е прифатливо, а што е неприфатливо однесување. Тие учат гледајќи ве вас и другите околу нив како се однесуваат и како се однесувате према нив и према другите.
Родителите сакаат нивните деца да бидат грижливи, внимателни и добро воспитани. Идеите како тоа да се постигне се различни и се менуваат со времето.
Возрасните настојуваат да ги воспитуваат децата на начин како тие биле воспитувани. Ако сакате да го смените пристапот како родител, треба време, енергија и решеност. Дозволете си да правите грешки.
Дисциплина наспроти казнување
Многу родители денес чувствуваат дека не им е дозволено да ги дисциплинираат нивните деца.
На секое дете му треба дисциплина за да се чувствува безбедно и сигурно додека учи за себе си и за светот околу него.
Дисциплината и казнувањето не се иста работа.
Дисциплината доаѓа од латинскиот збор “учење”.
Казнувањето е насочено кон казнување на неприфатливото однесување. Децата ретко го научуваат прифатливото однесување преку казнување.
Целта на дисциплината е да им се помогне на децата да ја превземат одговорноста преку учење на тоа кои се прифатливи начини да одговараат на ситуациите. Како тие растат учат да бидат се подисциплинирани. Тие научуваат како да се однесуваат и можат самите да го контролираат своето однесување. Самодисциплината се развива кога возрасните ја развиваат довербата кај децата. Успешната дисциплина зависи од добрите односи помеѓу вас и вашето дете и се гради врз желбата на вашето дете да ве задоволи.
Успешната дисциплина вклучува разбирање на правилата и што се случува ако правилата се прекршат.
Физичкото казнување
Успешната дисциплина може да се постигне без употребата на физичко казнување.
Физичкото казнување предизвикува болка заради запирање на однесувањето. На пример, удирање на детето со рака или предмет.
Физичкото казнување не пренесува порака на грижа или почитување на детето.
Физичкото казнување може да го подрие чувството на детето за љубов и сигурност. Децата често може да станат нервозни, уплашени или бунтовни.
Физичкото казнување ги учи децата дека насилството може да биде прифатливо средство за решавање на проблемите.
Удирањето на детето не го учи на прифатлив начин на однесување. Наместо тоа може да резултира во повторување на лошото однесување.
Често децата се толку лути што биле казнети да забораваат зошто биле казнети.
Децата учат гледајќи ве вас. Зборувајте со децата така како што вие сакате да ви зборуваат на вас. Однесувајте се како што би сакале тие да се однесуваат.