Комуникација со вашето бебе

Раѓањето на бебето може да биде возбудливо, но и заплашувачко и за бебето и за родителите.

Главната задача во грижата за бебето е потребите на бебето да бидат задоволени. Потребите на бебето се многу едноставни: бебињата огладнуваат, стануваат уморни и им е неудобно

Некои работи кои прават на бебето да не му е удобно се:

  • Ако му е топло или му студи
  • Ако треба да се заменат пелените
  • Ако чувствува болка (во ушите, стомакот), за постарите бебиња може да биде и забоболка
  • Ако се уплашени, осамени или им е досадно
  • Ако не им е добро (можеби заради висока температура)

Бебињата имаат различни начини да го привлечат вниманието на родителите и да ги искажат потребите. Родителите учат, со тек на време, кои се овие сигнали и како да одговорат. Меѓутоа, на почетокот не е лесно да се распознаат сигналите или може погрешно да се протолкуваат. Треба време сигналите од бебето да се распознаат и разберат.

Зошто плачат бебињата

Главниот сигнал на бебето да го привлече вниманието е плачењето. Родителот брзо ќе научи дека бебето користи различни видови на плачење за различни потреби. Бебињата плачат само тогаш кога нешто им е потребно.

Бебињата не плачат за да им “досадуваат” или да “ги налутат” родителите. Бебињата може само да чувствуваат, тие не можат да размислуваат, предвидуваат или манипулираат. Тие не знаат како нивното плачење влијае на другите, тие само знаат дека нешто им треба и тоа е единствениот начин да кажат некому што им треба. Бебето плаче за да преживее, затоа родителот мора да одговори на овие сигнали.

Како учите повеќе за бебето, ќе сфатите дека бебињата комуницираат на многу различни начини.

Гледајќи го лицето на бебето може да откриете многу различни начини на кои тоа комуницира. Родителите учат да ги читаат овие сигнали и ги претпоставуваат потребите на бебето пред тоа да заплаче. Лицата на бебињата се многу изразувачки, тие се прилагодуваат кон создавање на “загрижувачки” линии над носот, што кај некои бебиња може да биде прва индикација дека пелените треба наскоро да се заменат. Устите на бебињата се исто така многу изразувачки зашто бебињата ги користат усните и јазикот за комуникација.

Покрај лицата бебињата ги користат и рацете, особено прстите, за да покажат дека нешто им треба. Родителите учат да ги препознаваат движењата на песниците како сигнал на неудобност, или глад. Бебињата го користат и целото тело за да ги алармираат родителите за нивните потреби, честопати виткајќи го грбот и клоцајќи со нозете.

Комуникација со вашето бебе

Иако бебињата комуницираат со нас, и ние треба да комуницираме со нив. Истражувањата ја истакнале важноста од зборувањето, смеењето и читањето на бебињата. Родителите честопати наоѓаат дека зборувањето и читањето на бебето е малку чудно кога бебето не одговара со зборување. Меѓутоа, бебето одговара и како родителите ги учат сигналите за да ги разберат потребите на бебето, бебето исто така дава сигнали во обид да комуницира.

Бебињата на кои им се зборува или чита честопати гледаат со долг поглед, може да гугаат, или да прават други звуци и може да ја враќаат комуникацијата со движење на рацете (не стегната песница), туку отворени прсти и може да играат со нивните стопала. Бебињата сакаат да бидат стимулирани со интересни работи за гледање и ќе комуницираат со изразот на лицето и телото. Оваа размена на сигнали за комуникација помеѓу бебето и родителот е почетокот на грижни и односи со љубов во кои ќе уживаат и бебето и родителите.

Допирањето е важен сигнал за комуникација помеѓу родителот и бебето. Родителите може да научат како да го масираат бебето и да научат од изразот на бебето и од јазикот на телото што тоа сака и што не сака. Нежен допир со љубов како гушкање и галење како и многу други начини на држење на бебето се исто така важен начин на комуникација и одржување односи со љубов помеѓу родителите и бебето.