Ти имам ли скоро кажано дека те сакам
Работите кои родителите ни ги велат како деца често остануваат засекогаш во нас.
Децата треба да се чувствуваат сакани и прифатени такви какви што се, а не тогаш кога ги прават работите добро.
Секое дете е посебно.
Индивидуалните разлики кај децата треба да се охрабруваат ии ценат.
Секое дете има свој допринос кон семејството, пријателите и заедницата.
Децата треба да се чувствуваат добро за себе си
Самодовербата е позитивно чувство за себе си, чувство дека вредите.
Самодовербата им дава на децата сигурност и надеж за иднината. Децата треба да се сакаат себе си, да чувствуваат дека се важни, способни и дека ќе успеат во животот. Децата со здрава самодоверба се чувствуваат посигурни во учењето и испитувањето нови работи.
Начини да им се каже на децата дека се важни
Кажувајте им често дека ги сакате такви какви што се.
Покажете им дека ги сакате со минење време со нив, слушајте ги, гушкајте ги и насмевнувајте им се.
Славете ги нивните постигнувања, без разлика колку се мали.
Фалете ги кога се обидуваат, без разлика на резултатот.
Чувајте посебни потсетници за нивните успеси.
Дозволете им да ви помагаат во работите.
Ставете им до знаење дека е во ред да се греши, сето тоа е дел од учењето.
Помогнете им да ги изградуваат нивните позитивни страни.
Прашувајте ги за мислење за семејните прашања. Тоа покажува дека ви е важно што мислат.
Помогнете им да ги решат нивните проблеми. Покажете им дека верувате во нив.
Направете ги ограничувањата и очекувањата јасни и постојани.
Кажете им кога се однесуваат несоодветно, но не критикувајте ги.
Коментарите треба да го учат детето, а не да го навредат.
‘Знам дека мајка ми ме сака затоа што таа мисли дека се што правам е добро’