Вашата улога на родител
Сите сакаме да бидеме најдобри родители
Сите ние започнуваме како родители со многу идеи за родителството. Ние имаме надеж и соништа за нашите деца и за нас како родители. Меѓутоа, понекогаш работите не одат како што сакаме. Понекогаш се чувствуваме заглавени во шема одговарајќи им на децата дека нешто не сакаме, без да разбереме зошто тоа се случува.
Како и нашите деца, нашето животно искуство не прави она што сме. Ние ги добиваме нашите идеи за децата и родителството од многу извори околу нас, вклучувајќи ги нашите родители, семејство, пријатели, градинката, училиштето, професионалците и медиумите.
Како родители, ние често повторуваме она што најдобро го знаеме. Најчесто она што најдобро го знаеме потекнува од нашето искуство. Нашите искуства од времето кога сме растеле во нашето семејство се важна основа за вредностите и верувањата кои ги применуваме кон нашите деца, родителството и семејствата.
Правење работи спротивни на нашето вообичаено расудување……
Има моменти кога сите родители прават или им велат работи на нивните деца кои се спротивни на нивното вообичаено расудување.
“Не сакам да им викам на децата, тие едноставно ме нервираат и јас толку се вознемирувам што не можам да се смирам.”
Во вакви моменти родителите честопати се чувствуваат дека се изневериле себе си, нивниот партнер и нивните деца.
Емоциите може да преовладаат и да ги обземат родителите. Разбирањето од каде доаѓаат овие чувства ни овозможува да го смениме начинот како се однесуваме кон децата.
Свесност за себе си и своите деца
Децата не ставаат на испит да останеме флексибилни и да ги контролираме нашите чувства и однесување. Ние можеме да ја изгубиме способноста да бидеме флексибилни ако сме под стрес, уморни, лути или фрустрирани.
Нашите сопствени потреби или чувства може да доведат до непредвидлива реакција наместо реакција која соодветствува на ситуацијата. Тоа честопати може да доведе до ситуација во која родителите и децата се чувствуваат отуѓени еден од друг, секој чувствувајќи се лут, навреден или неразбран.
Како родители, ние треба да бидеме свесни за она што не предизвикува или она што ни го определува однесувањето. Често емоциите или однесувањето на нашите деца може да предизвика емоции и однесување во самите нас кои не се соодветни или неможат да помогнат на ситуацијата во која ќе се најдат родителите и децата. Ние треба да се обидуваме да ги одделиме нашите сопствени потреби и чувства од ситуацијата со децата за да можеме соодветно да одговориме.
Преку самоиспитување ние може да станеме посвесни за тоа зошто така размислуваме, чувствуваме и се однесуваме. Преку самоиспитување и самосвест ние можеме да бидеме пофлексибилни и приспособиви како родители.
Од каде доаѓаат вашите идеи за родителството?
Од каде доаѓаат очекувањата кон вашите деца?
На кој начин и до колку искуството од вашето детство влијае на вас како родител денес?
Што ми се допаѓа од мојата улога на родител?
Што би сакал да сменам во мојата улога на родител?
Што му треба на моето дете од мене што е различно од мојата потреба од моите родители?
Што мислам дека би требало да променам во мојот родителски пристап како моето дете расте?