Разрешување на конфликтите меѓу родителите
Во денешно време семејствата преживуваат стресни ситуации што може да влијае на односите меѓу родителите. Понекогаш, самата улога на родител може да предизвика напнатост и конфликт помеѓу родителите. Некои недоразбирања може да бидат неизбежни и позитивни во односите. Важно е како се решава конфликтот. Избегнување на недоразбирање може да значи избегнување на важни работи кои подобро е да се соочат и разрешат.
Начинот како родителите ги решаваат секојдневните конфликти има големо влијание на децата. Чувството на децата за сигурност и добробит е тесно поврзано со начинот како родителите се однесуваат еден спрема друг.
Децата учат од тоа како родителите се однесуваат меѓу себе
Кога родителите добро се согласуваат, нивните односи служат како безбедна основа на подршка на односите на децата со другите. Децата може да се справуваат и учат како да решат конфликт ако видат дека родителите не се согласуваат од време на време и ги решаваат разликите на конструктивен начин. Меѓутоа, децата се во голема мера негативно погодени со чести, неразрешени конфликти меѓу родителите.
Децата не мора да слушнат или видат конфликт за тоа негативно да влиаје на нив. Децата се многу чувствителни на емоционалната атмосфера во куќата и лесно ги насетуваат тензиите.
Некои деца полесно поднесуваат конфликти од други. Тоа е во зависност од темпераментот на децата и присуството на други важни односи кои може да им пружат подршка на децата, на пример дедовците и бабите.
Конфликите може да бидат потресувачки и штетни за децата. Сериозни конфликти меѓу родителите може да предизвикаат редица проблеми во однесувањето и друштвениот развој кај некои деца. Децата може да станат вознемирени, нервозни, наметливи, агресивни или непослушни. Тие може да имаат проблеми со спиењето, проблеми со концентрацијата и учењето како и проблеми во односите со другарчињата.
Справување со конфликтите
Избегнувајте да се карате пред децата.
Не ставајте ги децата во ситуација да чувствуваат дека треба да се определат за една страна.
Избегнувајте да ги користите децата како начин да го “присилите” вашиот партнер да се согласи со вас.
Определете како ќе дискутирате за разликите и решете го конфликтот смирено.
Бидете јасни со децата дека не ги обвинувате за расправиите.
Уверувајте ги децата дека ги сакате и дека ќе ги решите проблемите.
Најдете време да ги слушнете и прифатите чувствата и грижите на децата во врска со расправиите.
Почитувајте ги разликите во мислењата помеѓу вас и вашиот партнер – нема секогаш да се согласувате.
Имајте волја да соработувате како родители иако не се согласувате комплетно во се.
Побарајте професионална помош ако сериозноста на конфликтот негативно се одразува на децата и вашите односи.