Помагање на децата да се справат со потресни настани

Семејствата се соочуваат со многу стресови во денешно време. На пример, долги работни денови, разводи, болести, невработеност и преселување подеднакво ги потресува и децата и возрасните.

‘Некогаш децата не можат да ги следат возрасните. Возрасните треба да успорат за да шетаме заедно.’

Додека новото бебе е возбудлив настан за семејството, тоа е исто така време на големи промени за секого, особено за децата. Овие искуства делуваат на родителството. Вашите чувства во овие прилики може да бидат толку силни што може да не забележите дека треба да одговорите на потребите на децата.

Што се случува со детето?

Децата може да се чувствуваат преплашени, ранливи и несигурни во времињата на стрес и промени.

Не претпоставувајте дека детето знае што се случува. Тоа може да биде време на несигурност и забуна.

Децата може да се чувствуваат одговорни за ‘лошите’ работи кои им се случуваат на луѓето кои тие ги сакаат.

Децата одговараат на стресот или промените на различни начини:

  • Може да се однесуваат како помали отколку што им е возраста. Тоа е начин да ви кажат дека сето ова е премногу за нив и им треба вашата помош.
  • Тие можат да бидат раздразливи или агресивни во напорот да привлечат внимание, грижа, поддршка или информации од вас.
  • Тие може да не спијат мирно, да имаат ноќни кошмари или мокрење во кревет.
  • Тие може да бидат отсатни или лесно да се онерасположат.
  • Тие може да се обидуваат да прават подобро за семејството.
  • Може да им биде тешко да ви кажат како се чувствуваат зашто не сакаат да ве загрижат или онерасположат повеќе.

Што да се прави….

  • Убедувајте ги децата постојано дека ги сакате.
  • Кажете им на децата дека тоа што се случува не е нивна вина. Можеби тоа ќе треба да го сторите повеќе пати.
  • Кажете им дека иако сте нерасположени, вие тоа го контролирате.
  • Бидете чесни и јасни со децата за тоа што се случува.
  • Вклучувајте ги децата секогаш кога тоа е можно при донесувањето решенија кои нив ги засегаат.
  • Дајте им на децата време да зборуваат. Ако не можат да зборуваат со вас, охрабрете ги да зборуваат со некој во кој имаат доверба.
  • Ставете им до знаење на децата дека може да чувствуваат повеќе различни чувства. Кажете им дека тоа е во ред и дајте им начини да ги изразат чувствата.
  • Најдете време да разберете како тие се чувствуваат и зошто се однесуваат така. Бидете трпеливи и толерантни.
  • Настојувајте да ги одржувате секојдневните активности.

Настојувајте да сте опкружени со луѓе кои ќе ве поддржат и вас и децата.

слушам
Помагање на децата да се справат со потресни настани
Update Required To play the media you will need to either update your browser to a recent version, enable javascript or update your Flash plugin.