Чувајте ги децата да не бидат повредени
Како родители се потпираме на чувствата кои сме ги искусиле како родители.
Понекогаш се чувствуваме вон контрола. Понекогаш тоа доведува до злоставување или занемарување на децата. Тоа се теми за кои е тешко да се дискутира, меѓутоа за жал, случаите на злоставување или занемарување на децата се чести. Овие проблеми ги погодуваат децата и семејствата од сите потекла, а се случуваат заради многу различни причини.
Искуството на злоставување и занемарување може да има трагични последици врз децата и младите вклучувајќи тешки емоционални, социјални и психолошки последици.
Злоставувањето на децата може да предизвика несигурност, тешкотии при учењето и проблеми во однесувањето кај децата.
Децата имаат право да бидат безбедни и заштитени.
Како родители, ваша е одговорноста да уочите кога ви треба помош пред лошото да се случи.
Ако чувствувате дека може да го повредите или сте го повредиле детето важно е веднаш да побарате помош.
ЗАПРЕТЕ го она што го правите.
РАЗМИСЛЕТЕ како вашето дете и вие сте погодени од она што се случува.
СТОРЕТЕ нешто да ги промените работите.
ПОБАРАЈТЕ ПОМОШ за да ги смените работите.
Да се побара помош ќе треба храброст. Меѓутоа, превземајќи го овој чекор е критично за вас и вашето дете.
Барањето помош значи:
- Го сакате вашето дете
- Вашата способност да уочите дека имате проблем
- Вашата желба работите да се сменат за вашето семејство
- Вашата решеност да работите на промена на работите на подобро.