Улогата на бабите и дедовците
Претставата за баба и дедо и нивната улога во семејството се има променето во последниве 30 години. Улогата на бабите и дедовците со нивните внуци може да се менува во различни ситуации. Не постојат насоки како да се биде баба или дедо. Секој треба да ја оди тенката линија помеѓу помагање или мешање во работите, помеѓу желбата нивните деца да ги одгледуваат внуците како што тие го правеле во нивно време или да ги остават тие да го најдат правиот начин за нив.
Некои баби и дедовци живеат со своите семејства и се грижат за внуците додека родителите се на работа. Овие баби и дедовци се значително вклучени во животот на нивните внучиња, понекогаш превземајќи го водството во воспитувањето. И да не живеат со внуците, други баби и дедовци се исто така дел од грижата за внуците, на пример, со носењето и земањето од училиште и грижата после училиштето и за време на распустите.
Во некои семејства, бабите и дедовците сеуште работат и може да не се во можност, или не сакаат да превземат толку значителна улога во животот на нивните внуци. Овие баби и дедовци може да се повеќе вклучени со чување на децата, или поминуваат определено време кога и каде им одговара на нив и на семејството.
Други не ги гледаат своите внуци многу често, или немаат контакт со нив. Ова може да е заради различни причини, ако живеат далеку од нивните семејства или заради семејни недоразбирања. Тоа може да биде извор на потрес за бабите и дедовците зашто тие може да чувствуваат дека не се дел од животот на нивните внуци.
Во денешно време се почесто бабите и дедовците може да ги одгледуваат внуците наместо родителите во нивниот дом ако родителите на децата не можат или не сакаат да се грижат за нив.
Какви и да се околностите, бабите и дедовците се важни во животот на внуците. За внуците, нивните баби и дедовци нудат “дом надвор од домот”, сигурност, подршка и безусловна љубов.
- Бабите и дедовците често имаат време да поминат со внуците кое нивните зафатени родители го немаат. Настојувајте да минете време со вашите внуци на опуштен начин, на игралиште, на долги прошетки и учејќи ги внуците за нивниот свет
- Бабите и дедовците се важна подршка за внуците. Најдете време да ги слушате внучињата. Ќе им помогнете на внучињата да минат низ тешкотиите или грижите кои можеби ги имаат.
- Бабите и дедовците некогаш можат да понудат другачиј поглед на недоразбирањето меѓу родителите и децата и честопати тоа може да помогне во решавањето на конфликтите. Настојувајте да не се ставате на една страна, туку да им помогнете на внучињата и нивните родители подобро да го разберат ставот на другите.
- Внуците може да го споделуваат нивниот свет со нивните баби и дедовци. Внуците може да ве учат за новата техника, додека вие можете да им кажувате каков бил светот пред новата техника која за вашите внуци е секојдневна работа.
- Славете го успехот на вашите внуци. Охрабрувајте ги да пробуваат нови работи. Покажете им ја важноста на надежта и оптимизмот. Бабите и дедовците може да им ја дадат силата на внуците да уживаат во животот со споделување на животот преку нивните очи.