Зошто децата лошо се однесуваат?

Децата кога се раѓаат не знаат што е прифатливо, а што е неприфатливо однесување. Тие учат гледајќи ве вас и другите околу нив како се однесуваат и како се однесувате према нив и према другите.

Родителите сакаат нивните деца да бидат грижливи, внимателни и добро воспитани. Идеите како тоа да се постигне се различни и се менуваат со времето.

Може да има повеќе причини за лошото однесување:

  • Да привлечат внимание
  • Незнаење како да се однесуваат во одредена ситуација
  • Повик за помош или фрустрираност
  • Недоразбирање
  • Нереални правила или очекувања
  • заборавање на правилата или границите.

Поставување на ограничувањата

На децата им требаат ограничувања. Им требаат безбедни огради во рамките на кои ќе прават избор, ќе имаат одговорност и ќе доживуваат успех.

Ограничувањата мора да бидат јасни и постојани! Непостојаноста децата ги прави несигурни за тоа што можат а што не можат да прават.

Определете едноставни правила за секој да ги почитува и дајте причини за нив. Бидете свесни за причините за определување на ограничувањата и настојувајте истите да бидат разумни.

Постојано потсетувајте ги децата за правилата и границите.

Последиците од прекршување на правилата би требало:

  • Да се случат што побрзо
  • Да се кратки или ќе го изгубат заначението
  • Да се во врска со одредениот проблем
  • Секогаш треба да се безбедни и да го почитуваат детето

Бидете цврсти, но праведни.

Вие можете да им помогнете на децата со:

  • Слушање и одржување на комуникациите отворени
  • Признавање на нивните чувства
  • Останување постојан
  • Настојување очекувањата да се реалистични
  • Одвојувајќи им време и внимание
  • Охрабрување сами да ги решаваат проблемите
  • Фалејќи ги за доброто однесување.

Запомнете:

  • Сите деца се различни и може да бараат различен пристап од родителите.
  • Ниеден пристап нема да делува цело време! Бидете креативни.
  • Родителскиот пристап мора да се менува и расте со возраста, можностите и потребите на детето.
слушам
Обликување на однесувањето на детето.
Update Required To play the media you will need to either update your browser to a recent version, enable javascript or update your Flash plugin.