Зборовите и постапките може да болат ….

Начинот како им зборуваме на децата и како се однесуваме влијае на тоа како тие чувствуваат за себе си.

Нашето однесување често пати зборува појасно отколку зборовите. Што вие му велите на детето?

Навредливите зборови може да се запаметат доживотно. Понекогаш како родител може да речете или сторите нешто што е против вашата логика. Обично децата се доволно отпорни да повремените негативни коментари нема да имаат долгорочно дејство. Меѓутоа, колку повеќе изрекуваме негативни коментари за децата толку повеќе тие ќе веруваат во нив.

Слушање на децата

Кога ги слушаме децата тоа им кажува дека тие се важни.

Поминете време со децата слушајќи го нивното мислење.

Понекогаш децата не зборуваат зашто не им е дадена можност. Настојувајте во семејството да има простор секој да каже што мисли.

Слушањето не значи само слушање на зборовите туку разбирање на чувствата позади зборовите.

Слушајте ги работите кои не се кажани. За многумина однесувањето зборува повеќе отколку зборовите. Што се обидува да ви каже детето?

Бидете трпелив слушател. Дајте му време на детето да ја каже својата приказна. Не избрзувајте пред да ја заврши приказната.

Бидете слушател со ентузијазам. Делете го возбудувањето на детето.

Помогнете му на детето да ги изрази чувствата и меслењата помагајќи му да најде зборови и начини за комуницирање со вас.

Децата слушаат

Работи кои треба да се избегнуваат:

Игнорирање на децата.

Негативно етикетирање на децата или лоши имиња, на пр. “глупав” или “Ти си лошо дете”

Неправедно да се обвинува детето. На пример, “Мора тоа ти да си го сторил. Сестра ти никогаш не би сторила такво нешто” или “Ти си виновен што мајка ти и јас постојано се караме”

Одбивање или повлекување на љубовта, на пр. “Камо никогаш да не се родеше”.

Споредување едно дете со друго.

Зборување негативно за децата во присуство на други – тие може да слушнат.

слушам
Зборовите и постапките може да болат ….
Update Required To play the media you will need to either update your browser to a recent version, enable javascript or update your Flash plugin.