Емоционалниот развој на вашето дете

Емоционалниот развој на вашето дете Кога зборуваме за емоционалниот развој мислиме на зголемените можности на детето

  • да ги идентификува и разбира своите чувства
  • точно да ги препознава и разбира чувствата на другите
  • да го контролира начинот на кој чувствува
  • да го обликува начинот на кој се однесува
  • да се соживува со другите, и
  • да гради и одржува добри односи со пријателите, семејството и другите.

Од времето кога ќе се родат, децата брзо ги развиваат своите способности да доживуваат и изразуваат различни чувства, како и можноста да се соочуваат и справуваат со различни чувства.

Контролирање на чувствата

Способноста на децата да го контролираат или формираат начинот на кој чувствуваат е критичен дел од нивниот развој и честопати причина за загриженост на родителите.

Децата не го започнуваат животот со способноста да ги контролираат чувствата. Тие лесно се совладани од силни чувства и не можат да се смират. На бебињата и малите деца потребна им е помошта на родителите за да се смират.

Малите деца честопати стануваат фрустрирани зашто постои голем јаз помеѓу работите кои сакаат да ги направат и она што се во можност да го направат. Ова често резултира во карактерна лутина.

Чувствата и карактерот се тесно поврзани. Кога чувствата не се контролирани добро способноста на децата да размислуваат може да биде намалена. Како резултат на тоа, децата се однесуваат според чувствата, често пати без размислување.

За времето додека стасаат за училиште, децата се посвесни за своите чувства и чувствата на другите. Тие подобро можат да ги поврзат нивните мисли и чувства и да користат зборови за да ги опишат чувствата. Затоа, тие подобро можат да го менуваат и оформуваат начинот на кој чувствуваат. Способноста на децата да ги менуваат и приспособуваат нивните чувства значи дека ќе можат подобро да ги толерираат своите фрустрации, да ги одложуваат работите кои навистина ги сакаат и да се смират.

Односите се важни за чувствата на децата

Емоционалниот развој на децата во голема мерка е под влијание од квалитетот на односите кои се развиваат помеѓу нив и нивните родители. Од начинот на кој родителите се однесуваат со децата многу зависи емоционалниот развој на децата.

Децата учат да ги раководат своите чувства гледајќи како другите членови од семејството ги изразуваат и раководат нивните чувства. Родителите играат важна улога во одредувањето како да се одговори на силни чувства.

На децата им треба помош и пракса во раководењето со нивните емоции.

Помагање на емоционалниот равој на вашето дете

Одржувајте ја емотивната клима во домот смирена, топла и предвидлива.

Прифатете ги и потврдете ги емоциите на детето.

Читајте им приказни на децата и разговарајте за карактери со различни чувства од книгата. Разговорот за емоции ќе им помогне на децата подобро да ги разберат своите чувства.

Помогнете му на детето да ги изрази чувствата со зборови – “изгледа дека се чувствуваш разочаран во моментов”.

Охрабрувајте ги децата да зборуваат за ситуации кои ги возбудуваат, ги прават среќни, лути или загрижени.

Пофалувајте ги децата кога не губат контрола и остануваат смирени.

Помагајте им на децата да ги раздвојуваат чувствата од однесувањето – “Знам дека се чувствуваш лут, меѓутоа не е во ред да удираш.”

Помагајте им на децата да ја разбираат разликата помеѓу нивните и чувствата на другите луѓе - “Знам дека се чувствуваш незадоволен во моментов, меѓутоа правиш сестра ти да се чувствува тажна”.