Секое дете е важно
Оваа брошура истражува повеќе теми за децата и како да се биде родител. Најмногу од се, ве поттикнува да размислувате за децата, родителството и како ќе им пружите на децата искуство кое сметате дека ќе им треба кога ќе пораснат.
Ќе ви помогне да си одговорите на некои од следниве прашања:
- Што значи да се биде дете?
- Што очекуваме од децата? Дали тоа е реално?
- Кои искуства сакаме децата да ги прифатат?
- Како сакаме децата да ги гледаат возрасните?
- Како сакам децата мене да ме гледаат?
- Кои се пораките до децата во врска со нивните приоритети во нашите животи и во нашата заедница?
Запомнете: Како возрасни ние ја обликуваме заедницата преку вредностите и односот кои ги промовираме и толерираме.
Искуството на децата влијае на нивните односи, ставови, верувања и вредности.
Искуставата кои им ги пренесуваме на нашите деца ќе останат со нив засекогаш.
‘Малите деца може да прават голема разлика’