Браќа и сестри

Браќата и сестрите може да бидат најдобрите пријатели или пак најлошите непријатели. Нивните чувства према другите може да се менуваат со времето со возраста на децата и степенот на развој.

Браќата и сестрите може да се препираат, закачаат или поткажуваат. Тоа е нормално и е начин како децата учат како да се однесуваат со другите.

Ова однесување може да биде последица од повеќе причини:

  • Некогаш е невозможно да се третираат децата исто цело време. Родителите треба да одговорат на секоја возраст на децата, личност или посебни услови.
  • Нормално е за браќата и сестрите да размислуваат и се однесуваат различно. Исто така, нормално е за децата да не се согласуваат понекогаш.
  • Браќата и сестрите често може да се караат за да го привлечат вниманието на родителите.
  • oДецата често ќе се препираат околу нешто што мислат не е праведно.

Одговарање кон децата

Ценете и почитувајте ја индивидуалноста на секое дете, нивните потреби и права. Избегнувајте негативни споредувања.

Охрабрувајте односи со почитување имајќи правила во семејството кои ќе важат за секого.

Признајте и фалете ги децата кога добро се однесуваат меѓу себе.

Допуштете му на секое дете да го спроведе својот интерес.

Имајте реалистични очекувања за тоа колку долго децата може да играат заедно.

Поминете време со секое дете и со сите деца заедно.

Дајте им на децата простор да се разберат меѓусебе, осигурувајќи конфликтот да остане на разумно ниво. Прашајте ги децата дали им треба вашата помош за да ги разрешат конфликтите. Вмешајте се ако спорот стане вон контрола за деацта. Не барајте некого да обвинувате. Барајте решение.

Охрабрувајте ги децата да размислуваат како другите деца се чувствуваат.

Помогнете им на децата да разберат дека не може или не треба се да се дели.

слушам
Браќа и сестри
Update Required To play the media you will need to either update your browser to a recent version, enable javascript or update your Flash plugin.