Преку очите на детето

Колку повеќе ќе ги разбереме нашите деца, толку повеќе ќе можеме да им помогнеме. Еден од начините тоа да го сториме е да се потсетуваме на нашето детство и да го замислиме светот низ очите на децата.

Да се потсетиме како е да се биде дете……

Размислете за важните работи кои ви се случиле како дете и како тие влијаеле на вашиот живот и односи.

Што велеле и што правеле вашите родители што ви се чинело важно?

Што би сакале вашите родители да рекле или направиле?

Какви искуства би сакале вашето дете да запомни?

Децата размислуваат на различен начин од возрасните. Тие не секогаш ги сфаќаат ситуациите како возрасните. На пример, децата мислат дека се обвинувани за работи кои немаат никаква врска со нив.

Обидете се да се поставите од страна на детето за кратко и да го разберете неговото видување на светот. Како детето се чувствува толку мало кога сите се големи? Како е да се нема зборови да се изразат чувствата?

Како возрасни, наша обврска е да ги почитуваме и цениме децата.

  • Посоветувајте се со децата за работи кои влијаат на нивниот живот. Како возрасни ние мора га ги држиме во рамнотежа желбите на детето и погледите на она што е безбедно и разумно. Како тие ќе растат, дозволувајте им повеќе да решаваат за нивниот живот. Пружете му на детето избор и бидете подготвени да го прифатите неговиот избор.
  • Помогнете им на децата да ја прифаќаат одговорноста.
  • Почитувајте дека децата може да размислуваат и чувствуваат различно од вас.
  • Настојувајте децата да мислат дека ги слушате. Децата треба да чувствуваат дека ги почитувате за да се чувствуваат добро.
  • Почитувајте го нивното достоинство и величајте ја нивната индивидуалност.
  • Погрижете се децата да бидат безбедни и заштитени.

На децата им требате за да им помогнете да се развиваат и растат.

слушам
Преку очите на детето
Update Required To play the media you will need to either update your browser to a recent version, enable javascript or update your Flash plugin.

Најдете помош

Нашите претставници се заинтересирани за правата на децата, и отстранување на малтретирањето на децата.

Find Help