Родителството под притисок
Многу родители чувствуваат тешкотија да бидат во тек со светот кој брзо се менува и во кој тие ги одгледуваат децата.
Многу родители се загрижени колку денешниот свет е безбеден за нивните деца.
Многу родители чувствуваат дека детството им се скратува и дека децата растат премногу брзо во денешното општество.
Многу наидуваат на потешкотии на повеќе полиња обидувајќи се да ги исполнат растечките барања на работа и како родители.
Многу чувствуваат притисок да ги исполнат очекувањата на децата. Тие немаат доволно време да минат со децата, иако ја разбираат потребата за тоа.
Многу се чувствуваат изолирани и осамени, отсечени од важната подршка од семејствата и пријателите.
Предизвиците и притисоците со кои се суочуваат родителите денеска се големи и предизвикуваат загриженост, и понекогаш голем стрес.
Не сте само вие. Многу родители се чувствуваат исто како вас
Стресот е нормален дел од родителството. Стресот во мала мерка е корисен и може да ни помегне да се концентрираме и да ги извршуваме работите. Премногу стрес може да биде проблем и да доведе до чувство на беспомошност, страв и фрустрираност.
Ниеден родител не е идеален. Ние не секогаш одговараме на децата на најдобар можен начин. Важно е да се разбере кога грешиме и да го поправиме тоа.
Грижејќи се за вас помага да се грижите за вашите деца
Грижете се за себе си. Не ставајте ги секогаш другите пред вас.
Правете работи кои ви помагаат да се опуштите. Слушајте музика, читајте книга, појдете на прошетка. Дури иако е тоа и за десет минути.
Разберете од каде доаѓаат чувствата на стрес и најдете мали, реални чекори со кои ќе го намалите стресот.
Обидете се да бидете организирани. Поставете рутински активности за вас и децата и придржувајте се кон нив.
Завртете се кон она што навистина е важно за вас и вашето семејство и дајте им приоритет на тие работи.
Дајте си дозвола да не бидете перфектни.
Избегувајте да ги пренесувате вашите фрустрации и стрес врз децата. На сите ни се случило да направиме или кажеме работи на децата кои обично не би ги направиле. Во ред е да им се извините на децата и да признаете дека сте згрешиле.
Најдете време само за вас и вашето семејство.
Разговарајте со вашиот партнер, семејството или пријателите за вашите грижи. Споделувањето на искуствата ќе ви помогне да се чувствувате помалку осамени.