Родителството и посвоени деца
Семејствата со посвоени деца стануваат еден од најчестите видови на семејства. Секое од овие семејства е посебно и ќе искуси и предизвици и награди. За сите нови семејства со посвоени деца ќе има време на големи промени и прилагодувања како новото семејство доаѓа заедно. За ова време, најважната работа се децата и нивните односи со секој од родителите.
На децата им треба уверување од родителите и очувите и маќеите дека тие многу ги сакаат и не е нивна грешка што родителите им се развеле. Секој родител треба позитивно да зборува за другиот родител. Родителите треба да посветат колку што може повеќе време со децата. На децата им треба уверување дека без обзир дали живеат со родителот или не, и двата родитела секогаш ќе бидат дел од нивниот живот. Родителите кои не живеат со своите деца имаат важна улога. Децата може да ги споделуваат своите грижи за нивното ново семејство со вас. Вие треба да ги слушате и подржувате во овој период. На децата им требаат безбедни и сигурни односи со двата родитела зашто почнуваат да формираат односи со други возрасни и деца во нивното ново семејство.
Очувите и маќеите во новото семејство мора да размислуваат за:
- Развивање на односи со децата на новиот партнер
- Поттикнување на посинетите деца да развијат односи едни со други
- Начини на кои нивните родителски идеи се исти или различни и да се согласуваат за начинот на родителство заедно во новото семејство.
За некои деца новото семејство со очув/маќеа може да биде тешка промена.
Детето може
- Да ја загуби позицијата во семејството
- Да дели спална соба иако претходно имало своја
- Да го дели родителот кој претходно бил само нивен пред новите односи
- Да го сакаат нивното семејство назад
- Да се иселат од куќата, напуштат пријателите, училиштето и други блиски како и другиот родител.
Меѓутоа, може да има и големи предности за децата во новото семејство, како што се:
- Родителот е многу посреќен во новите односи
- Има повеќе возрасни да се грижат за децата, вклучувајќи ги новата баба и дедо
- Детето има нови браќа и сестри
- Можноста повторно да се биде дел од семесјтво.
Постојат многу начини на кои родителите и очувите/маќеите може да им помогнат на децата низ периодот на промена.
Децата ги искажуваат чувствата преку нивното однесување. Кога однесувањето на детето се влошува, децата велат дека НЕ СЕ во ред. Обрнете внимание на она што детето го кажува со зборови и однесување и сфатете ги нивните грижи сериозно.
Честите начини на однесување кои укажуваат дека детето има потешкотии во прилагодувањето се:
- Назадување во развојот, како враќање на мокрењето во кревет или зборување како бебе
- Ноќни кошмари и други потешкотии во спиењето
- Проблеми во училиштето – оценките се влошуваат и не сака повеќе да учествува во активности за кои претходно било заинтересирано
- Станува агресивно и отсутно
Како родители или очув/маќеа вие треба:
- Да го слушате детето
- Да настојувате да ја разберете ситуацијата од нивна гледна точка
- Да ги потикнувате сите деца во новото семејство да зборуваат за
- нивните чувства или проблеми
- Да ги потикнувате односите, но да им дозволите тие да се развиваат во свое време
- Да воспоставите рутини во новото семејство кои ќе обезбедат сигурност за сите деца
- Да најдете време со секое дете посебно
- Да го потсетувате вашето дете дека го сакате и секогаш ќе му помагате