Секое дете е важно

Оваа брошура истражува повеќе теми за децата и како да се биде родител. Најмногу од се, ве поттикнува да размислувате за децата, родителството и како ќе им пружите на децата искуство кое сметате дека ќе им треба кога ќе пораснат.

Ќе ви помогне да си одговорите на некои од следниве прашања:

  • Што значи да се биде дете?
  • Што очекуваме од децата? Дали тоа е реално?
  • Кои искуства сакаме децата да ги прифатат?
  • Како сакаме децата да ги гледаат возрасните?
  • Како сакам децата мене да ме гледаат?
  • Кои се пораките до децата во врска со нивните приоритети во нашите животи и во нашата заедница?

Запомнете: Како возрасни ние ја обликуваме заедницата преку вредностите и односот кои ги промовираме и толерираме.

Искуството на децата влијае на нивните односи, ставови, верувања и вредности.

Искуставата кои им ги пренесуваме на нашите деца ќе останат со нив засекогаш.

‘Малите деца може да прават голема разлика’

слушам
Секое дете е важно
Update Required To play the media you will need to either update your browser to a recent version, enable javascript or update your Flash plugin.