Значењето на родителите за развојот на детскиот мозок
мозокот ги има развиено главните функции неопходни за живот – дишење, одржување на рамномерно чукање на срцето, цицање, спиење. Треба години за да се развие остатокот од мозокот.
Знаењето како се развива мозокот на вашето дете е добар начин да се разбере како децата размислуваат, чувствуваат и се однесуваат. Децата располагаат со ограничени можности да размислуваат и да бидат разумни – тие не можат да ги поврзат своите чувства, мисли и однесување во раните години. Деловите на мозокот одговорни за овие функции не се ‘вклучени’ во раното детство.
Разбирањето како се развива мозокот на детето ни дава објаснување на прашањето кое родителите често го поставуваат….ЗОШТО?
Зошто тоа го прават?
Зошто не слушаат?
Зошто треба постојано да ја повторувам истата работа?
Мозокот во развој
Гените и околината меѓусебно делуваат во секој чекор од развојот на мозокот, меѓутоа играат многу различни улоги. Гените се најмногу одговорни за ‘основната жичана структура’ на мозокот. Искуството е одговорно за фино штелување и зајакнување на врските со мозокот.
Нашиот мозок постојано се менува како одговор на на нашето животно искуство. Мозокот кај децата е уште повпечатлив или ‘свитлив’ во раните години. Меѓутоа, мозокот останува свитлив преку целиот живот, се формира и преформира, како ние се прилагодуваме кон новите искуства и учење.
Мозокот е составен од многу делови или региони од кои сите прават различни работи. Невроните се ‘жиците’ кои ги поврзуваат различните делови на мозокот. Бројот на споевите и како тие се организирани влијае на тоа како ги проценуваме нашите искуства, ги разбираме односите, ги паметиме работите и учиме.
Различни делови од мозокот се развиваат на различна возраст и во определен ред. Затоа различни искуства се потребни на различни возрасти за зајакнување на секој дел од мозокот.
Вие сте активен скулптор на растечкиот мозок на вашето дете
Младите мозоци се чувствителни на искуствата. Раните искуства и средини имаат силно влијание врз развојот на мозокот кај децата. Затоа семејствата помагаат да се обликува биолошката структура на детскиот мозок.
Подржувачките, грижливите и постојаните односи помеѓу децата и нивните родители се клучот за здрав развој на мозокот.
Потикнување на здрав развој на мозокот
Допирањето, држењето, тешењето, лулањето, пеењето и зборувањето со малите деца обезбедува неопходна стимулација за развој на нивниот мозок.
Зборувајте и читајте им на децата од мали.
Обезбедете им многу можности за повторување и вежбање за вашето дете да научи нови вештини. Ова помага да се зајакнат врските во мозокот.
Играјте со децата колку што можете повеќе.
Охрабрувајте ги децата да се занимаваат со физички активности, како гимнастика, возење велосипед, играње со топка, скокање и трчање.
Подржувајте ги децата да бидат исполнети со надеж и да бидат оптимисти.
Поставете рутински активности
.
Охрабрувајте ги и фалете ги децата кога тие екпериментираат со нови искуства.
Бидете реални што децата може да направат на одредена возраст. Не правете да бидат неуспешни.
Помогнете му на детето да превзема мали чекори и да го искуси успехот.
Не го критикувајте детето ако не успее, фалете ги неговите напори.
Подготвувајте ги малите деца за промени.
Дозволете им на децата да се впуштат во нови искуства кога тие ќе можат, а не кога вие сакате.