Потикнување на независноста
Главната улога на родителството е одгледување на независни, само мотивирачки деца кои се во можност соодветно да ја користат подршката од страна на родителите и пријателите како што растат. Вие можете да им помогнете на децата да развијат здрав смисол на независност. Независноста е важен аспект од развојот на вашите деца. Од двегодишна возраст децата се борат за повеќе независност. Од оваа возраст вие треба да ги охрабрувате децата да прават едноставни избори во нивниот живот.
Степенот на независност кој можете да го очекувате од вашите деца мора да биде соодветен на нивната возраст и способностите, и зависи во секоја различна ситуација. Децата може да бидат понезависни во некои ситуации отколку во други.
Грешка е ако зафатените родители прават работи за децата кои инаку и самите би можеле да ги направат. Иако на почетокот може да одземе повеќе време за децата да прават работи соодветни на нивната возраст, меѓутоа тоа како резултат на тоа ќе порасне самодовербата и сигурноста на децата.
Начини за охрабрување на независноста
Дозволете им на децата да прават едноставни избори од низа опции кои сте подготвени да ги прифатите. На пример, дозволете им на децата да го кажат своето мислење кои алишта ќе ги носат во денот, дури и ако ова е ограничено на изборот на боите. Дозволете им на децата да прават грешки и подржете ги да учат од истите.
Дозволете им на децата да учестуваат во домашните обврски, како чистење со правосмукалка, чистење на прашината и средување на креветите.
Направете распоред на задолженија за вашите деца да имаат преглед на работите кои ги завршиле.
Покажете им на децата дека сте заинтересирани да ги слушнете нивните размислувања и идеи. Прашајте ги за нивните мислења за работи кои се однесуваат на нив.
Почитувајте ги решенијата на децата секогаш кога тоа е можно.
Помогнете им на децата да ги разбираат последиците од нивниот избор.
Учете ги децата да решаваат проблеми – охрабрувајте ги да размислуваат што треба да сторат да решат проблем отколку да им кажувате што треба да направат.
Обезбедете позитивна подршка за вашите деца во ситуации кои може да бидат предизвикувачки.
Охрабрувајте ги и фалете ги обидите на децата да прават работи за нив без разлика на исходот.
Обезбедете им играчки соодветни на возраста за децата да учат да играат самите во кратки временски периоди.
Помогнете им на децата да ја превземат одговорноста за средување на нивните играчки.
Учете ги постарите деца да гледаат на часовник и вклучете го времето во некои упатства кои им ги давате. На пример, "Можеш да одиш кај соседите да си играш, меѓутоа сакам да се вратиш до 4.30 час."
Помогнете им на децата да постигнуваат остварливи цели и работете со нив кон остварување на истите