Играњето на детето е грижа на родителот
Играњето е најважната потреба на детето. Во суштината на играта е забавата. Меѓутоа, преку играњето децата учат.
Играта го поттикнува здравиот развој.
- Трчањето, шутирањето и фрлањето на топката им помага на децата да развијат рамнотежа и координација.
- Игрите со пеење и рима помагаат за развивање на јазикот.
- Игрите со составување и решавање проблеми им помагаат на децата во интелектуалниот развој.
- Игри со редослед и делење помагаат за развој на односите и самоконтрола.
Играта е важен начин преку кој децата ги изразуваат чувствата. Ако учествувате во играта на децата, ќе разберете одвнатре како вашето дете се чувствува или што размислува.
Родителите играат важна улога во играта на децата
Учеството во играта гради позитивни односи помеѓу вас и детето во атмосфера на забава.
Играњето со детето ви пружа можност да го поддржувате кога тоа доживува нови работи.
Најважната игра за малите деца е играта со родителите – настојувајте да одвоите малку време за играње секој ден.
Играње со децата
Играњето треба да биде на соодветно ниво со вашето дете. Ако е премногу лесно детето може да се досадува. Ако е премногу тешко детето може да се нервира.
Оставете го детето да ја води играта. Не превземајте.
Играта треба да биде безбедна.
Прашајте го детето што сака вие да правите како дел од играта.
Оставете доволно време за играње.
Не натпреварувајте се со децата. Тоа може да ги обесхрабри да играат.
Бидете трпеливи ако детето сака да ја повторува играта. Новите вештини бараат доста вежбање. Бидете ентузиаст.
Ценете ги и охрабрувајте ги напорите на детето, без разлика на резултатот.
Барајте можности за игра во секое време. На пример, придружете му се на детето во правење рима или песни за нормалните дневни активности како што е на пр. местењето на креветот.
Најважно од се забавувајте се и смејте се со детето.